Жан-Пјер Папен, еден од најдобрите француски напаѓачи низ историјата, поранешен напаѓач на Олимпик Марсеј, Баерн Минхен, Милан и, меѓу другите, добитник на „Златната топка“ во 1991 година, вели дека Меси не ја заслужи „Златната топка“ за оваа година.
„Тој не играше фудбал пет месеци. Што направи Меси во Париз откако ја освои Копа Америка? Па, постигна само еден гол во лигата, три во Лигата на шампионите. Немам ништо против него, тој е еден од најдобрите играчи во историјата, но оваа година не ја заслужи наградата. Изборот на Меси во 2021 година би значел девалвација на „Златната топка“ бидејќи тоа значи дека повеќе не им даваме можност на други квалитетни играчи да го освојат трофејот. И знаете колку е тешко да се биде најдобар цела сезона. Ова не е нормално“, изјави Папен.