Ливерпул го ангажира легендарниот Клаудио Тафарел

755

FOTO> Twitter
Ливерпул ги засили своите редови со легендарниот поранешен бразилски голман Клаудио Тафарел. Тој е ангажиран во стручниот штаб на Јирген Клоп и тоа како тренер на голманите. 55-годишниот Тафарел им се приклучува на Џон Ахтерберг и Џек Робинсон кои исто така работат со голманите на „Енфилд“.

„Зборував со Алисон затоа што двајца од најдобрите голмани на светот се Бразилци. Се договоривме да го земеме Тафарел во нашите редови. Сметаме дека тој ќе донесе многу новини на Енфилд и ќе биде добар учител на голманите во нашите редови“, изјави Клоп.

Тој ќе почне со работа веднаш штом ќе му биде издадена работна дозвола на Островот. Тафарел е роден во Санта Роса, Бразил, а во кариерата ги бранеше боите на бразилските Интернационал и Атлетико Минеиро. Во Европа играше за Парма, па Реџана, Галатасарај и ја заврши кариерата во Парма во 2003 година.

Тој има 101 настап за Бразил и титула светски првак и две титули на Копа Америка. Инаку работеше како помошник тренер во Галатасарај.

ПретходноЈувентус лесно со Салернитана, Пашалиќ со хет-трик за Аталанта (видео)
СледноМурињо за мечот со Болоња: Мораме ментално да зајакнеме