Малдини: Нема што да поправаме, затоа во јануари нема да купуваме нови играчи

182

Иако Милан влезе во серија од два порази во Серија А и му го препушти врвот на табелата повторно на Наполи, еден од директорите на клубот, Паоло Малдони, смета дека на „росонерите“ не им требаат зимски засилувања.

„Искрено, нашиот тим е конкурентен, а јануари е месец во кој се пазарува за да пополните некои дупки во тимот. Ние таков проблем немаме, и нема што да поправаме. Во овој момент немаме намера да купуваме играчи и не мислам дека ќе се случи нешто такво оваа зима во Милан“, изјавил Малдини.

Главна тема врзана со трансферите во Милан е статусот на Френк Кеси, чиј договор завршува, а фудбалер најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

 

ПретходноЖан-Пјер Папен: Ова не е нормално, Меси најдобар? Па тој не играше фудбал 5 месеци!
СледноИзов е минато, Македонија ќе има нов селектор