Мурињо за мечот со Болоња: Мораме ментално да зајакнеме

136

Тренерот на Рома Жозе Мурињо се надева дека неговите играчи ќе покажат силен менталитет на претстојниот меч со Болоња.

Мораме ментално да зајакнеме. Група која сака да игра и да победува. Фудбалерите кои не играат многу заслужуваат пофалби. Таков е случајот со Амаду Диавара, кој минатата недела тренираше напорно и покрај тоа што игра малку. Тие фудбалери играат решително и во корист на тимот и имаме потреба од нив. На пример Мараш Кумбула кој влезе како резерва и спречи опасна ситуација. Доби жолт картон, но се жртвуваше да спречи противнички играч. Toj добро се носеше со поискусниот Милинковиќ-Савиќ.

Екипите пред нас се таму со причина. Првенството не е автопат, може да има казни, повреди, киксови… Милан и Аталанта беа на чело од стартот на сезоната, а и сега се таму. Истото важи и за Наполи. Мотивирачки за нас е да бидеме блиску до нив. Ако сме оддалечени седум бода место 30 чувството е поинакво. Тоа значи дека работиме правилно“, изјави Жозе на прес-конференцијата пред дуелот со Болоња.

ПретходноЛиверпул го ангажира легендарниот Клаудио Тафарел
СледноПериќ: Бодот е реален, мечот можеше да заврши поинаку!