Со оглед на се поголемиот број на заразени во Германија, премиерот на сојузната покраина Баварија, Маркус Шудер изјави дека е даден предлог од негова страна фудбалските натревари во Германија во следниот период повторно да се играат без публика.
Тој нагласи дека доколку овој предлог не биде прифатен на државно ниво на цела Германија тој ќе ја спроведе во неговата покраина.
„Фудбалските мечеви треба повторно да се играат без публика.Баварија тоа ќе го стори.Секаде мора да го намалиме контатот меѓу луѓето, а фудбалот е типичен пример за такво нешто“ – изјаи Шудер.