Република: „Матни финансиски игри“ на релација Јувентус – Кристијано Роналдо

748

Финансикиот скандал кој го тресе Јувентус и последните истраги на обвинителството против овој клуб, спроед денешниот напис на престижната „Република“ го вметнува и Кристијано Роналдо во целата операција.

Имено, според медиумот, последниот дел од истрагата се води конкретно за Кристијано Роналдо и наводниоте финансиски трансакции кои не се пријавени, а кои се базираат врз телефонски разговор на спортскиот директор на клубот Федерико Черубини за наводен документ кој не би требало да постои. Разговорот е обавен во времето кога Роналдо веќе не е дел од Јувентус, односно е преминат во Манчестер Јунајтед.

Целио скандал има сериозни размери, веќе надлежните органи имаат сериозни индиции за направен финансиски криминал во работењето на Јувентус и веќе се шпекулира со повторна драконска санкција на клубот, кој своевремено поради местење беше преселен од прва во втора лига.

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO
ПретходноПрвиот освојувач на Златната топка: Дајте му ја наградата на Левандовски инаку јас ќе му ја дадам мојата
СледноЈавноста во САД во шок, екс НФЛ играч снимен како ја тепа сопругата (ВИДЕО)