Утрово и официјално се појави и листата со гласови во изборот на најдобрите во светскиот фудбал за оваа година. Популарната „Златна топка“ отиде во рацете на Лео Меси, само поради гласовите на новинарите од целиот свет, кои годинава требаше да ги испратат своите гласови најдоцна до 24 октомври. Сите гласаа за пет фудбалери со доделување соодветно шест поени на најдобриот, четири на вториот, три на третиот, два на четвртиот и еден поен на петтиот во нивниот избор.
Во овој избор, Меси на крајот заврши на првото место со 613 поени, пред Левандовски кој собра 580. Третото место му припадна на Жоржињо од Челзи со 460 поени.