Новиот тренер на Милан Андриј Шевченко го очекува нова битка во Серија А. Утре во рамките на 15. коло од италијанското првенство Џенова ќе се соочи со „росонерите“, а за Шевченко тоа ќе биде емоционален меч затоа што првпат како тренер ќе се соочи со клубот во кој мина неверојатни години и ја освои ЛШ и едно „Скудето“.
„Возбуден сум но исто така се трудам да не покажувам емоции. Јас сум професионалец и им ветив на навивачите на Џенова дека ќе дадам се од себе. Ќе направам се за да им ја отежнам работата на „росонерите“, вели Шевченко.
Џенова одигра 0:0 со Удинезе претходното коло, а сега ќе има посериозна задача бидејќи Милан е второпласиран.
„Мораме да бидеме внимателни. Јас ќе продолжам да навивам за Милан, како секогаш, но не и на мечот против Џенова. „Росонерите“ ќе играат со нас после два порази и ќе бараат да им се вратат на победите. Тие играат добар фудбал. Гледав многу нивни натпревари, против нив тешко се создаваат шанси“, изјави Украинецот.