Њукасл не го победи ни Норвич на домашен терен (видео)

153

Екипата на Њукасл и покрај тоа што доби нови сопственици од Блискиот Исток, и покрај тоа што го смени тренерот, резултатите не се променија. Екипата вечерва не успеа да го победи ни Норвич на домашен терен па остана на последната позиција на табелата по 14. кола со само 7 освоени бодови.

Њукасл во 9. минута остана со фудбалер помалку поради црвениот картон на Кларк кој го доби поради неспортски потег во дуел со противнички фудбалер, но сепак „црно-белите“ дојдоа во предност во 61. минута со голот на Калум Вилсон од пенал. Но не издржаа, во 79 минута гостинскиот напаѓач Тему Пуки погоди за конечни 1:1.

Норвич освои драгоцен бод во борбата за опстанок и оваа екипа е на 18. позиција со 10 бода, три помалку од сигурната зона.

ГОЛОТ НА ЊУКАСЛ ОВДЕ

ГОЛОТ НА НОРВИЧ ОВДЕ

ПретходноЕ.Пелистер пропушти шанса за победа во Лисабон, се враќа со бод!
СледноЈувентус лесно со Салернитана, Пашалиќ со хет-трик за Аталанта (видео)