Вељковиќ прозборе: Селекторот на Белгија „лапнал“ од трансферот на Тричковски во Бриж, кој се добивал „црни пари“?

1539

Дејан Вељковиќ е името кое во спортските кругови во Белгија деновиве внесе многу немир. Менаџерот кој изминатите години работеше со многу фудбалери кои направија трансфери во белгиските клубови, меѓу кои и наши екс-репрезентативци, беше прогласен за невин во случајот за „перење пари“, поткуп на лица од фудбалските клубови и делење „црни пари“, а неговите сведочења пред судските власти полека излегуваат на виделина и најавауваат нов фудбалски земјотрес на европско тло.

Јавноста деновиве ќе ги дознае деталите од сведочењата на Вељковиќ во кои се споменуваат многу познати имиња на тренери, фудбалери, директори на клубови и други спортски работници кои добивале „црни пари“ за реализирани трансфери.

Белгиските медиуми денеска пишуваат дека најмалку петнаесет тренери и директори, вклучително и врвни имиња како Херман Ван Холсбек, Жорж Ликенс и Иван Леко, можеби ќе треба да одговараат за обвиненијата затоа што незаконски добивале пари или скапи часовници од трансфери кои ги реализирал српско-белгискиот фудбалски агент и брокер, Дејан Вељковиќ. Ова е очигледно дел од договорот кој Вељковиќ го направил со истражните власти во случајот „Чисти раце“.

Во листата на имиња кои Вељковиќ ги изнел пред федералните агенти и судот се екс-менаџер на Андерлехт, двајца бивши тренери на Клуб Бриж, дванаесет други поранешни директори или тренери на уште шест прволигаши во Белгија. Според „црните сметки“ на Вељковиќ, тој поделил голема сума на пари како „стимулација“ за петнаесет тренери, членови на одбори, менаџери и техничките директори, најчесто во контекст на реализација на трансфери, но и за продолжување на договорите на фудбалерите или отштети за прекин на договори. Се споменува сума од околку 1 милион евра за тајни исплати и дополнителни 757.289 евра кои никогаш не се исплатени затоа што Вељковиќ отиде зад решетки во октомври 2018 година.

Белгиските медиуми го споменуваат и трансферот на нашиот екс-репрезентативец Иван Тричковски во Клуб Бриж во 2012 година, кога Вељковиќ лично му дал плик со пари на поранешниот селектор на Белгија, Жорж Ликенс со „црни пари“ за трансферот да помине.

ПретходноНаковски Волеј со пресврт до победа на дербито со Јанта Волеј КВ
СледноЧудните забрани на Рангник: Роналдо не смее да ги вози своите луксузни автомобили!