Екипата на Е. Пелисѕер вечерва од 20:45 часот гостува на тимот на Спортинг. Ова ќе биде нов обид за Битолчани да освојат бодови на меѓународна сцена, а во тоа ќе тргат со малку изменет состав од претходните мечеви.
Во тимот се враќа левото крило Бојан Маџовски, а во составот не е левиот бек Дејан Кукуловски кој беше дел од двобојот со унгарскиот тим. Во Битола останаа и Филип Ивановски и Мирко Радовиќ.
Е.Пелистер го чека тежок меч вечерва но доколку Битолчани бидат на потребното ниво, се е можно што се однесува до конечниот резултат.