Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, на денешната прес-конференција говореше за „Златната топка“. Ова признание му припадна на Лионел Меси според многумина истото требаше да биде во рацете на Роберт Левандовски.
„Меси како Меси, секогаш е меѓу најдобрите, не е грешка ако му ја дадете оваа награда, но ако оваа сезона „Златната топка“ не му дадоа на Роберт Левановски”, тогаш никогаш нема да се случи тоа“, рече Клоп.
Еден од новинарите го праша Клоп што мисли за тоа дека неговиот омилен играч, Мохамед Салах заврши дури на седмото место во светот.
„Искрено не сум изненаден, но тоа не беше мој избор. Мислам дека новинарите гласаат, тоа е ваша грешка, твоја и на твоите колеги. Требаше да ги убедите вашите колеги ако мислите дека Салах заслужува повеќе од седмото место“, коментираше тренерот на Ливепрул.
Многумина испратија критики до „Франс фудбал“ за измислената награда – најдобар напаѓач, која ја доби Леванодвски, како утеха за „Златната топка“.