Манчестер Јунајтед вчера го именуваше Германецот Ралф Рангник за нов тренер на тимот до крајот на сезоната, а веќе од денеска почнува и неговото работење во клубот. Според добро упатени извори, методите со кои Рангник се служи при својата тренерска работа во голема мерка нема да им се допаднат на фудбалерите на „црвените ѓаволи“.
Ранкник, кој е познат по строгата дисциплина што им ја наметнува на своите тимови, како прва мерка секогаш кога работи во некој клуб ја става чудната забрана за користење на личните автомобили на фудбалерите, освен за време на викендите.
Од оваа забрана веројатно прв засегнат ќе биде Роналдо кој нема да може да ја користи својата суперлуксузна колекција на автомобили вредна повеќе од 20 милиони евра.