FOTO> Twitter/JuventusFC
Вечерва се одиграа четири меча од 15. коло на Серија А, а Јувентус ја оправда фаворитската улога и ја победи Салернитана во гости со 2:0. Во првото полувреме резултатот го отвори Пауло Дибала, а во 70. минута зголеми Алваро Мората. Во финишот на мечот Дибала промаши пенал за убедлив триумф.
Во Бергамо екипата на Аталанта ја совлада Венеција со 4:0, а три гола постигна хрватскиот репрезентативец Марио Пашалиќ. Тоа е деветта победа на Аталанта сезонава и е на четвртото место на табелата.
Фиоретина ја совлада Сампдорија со 3:1, а Верона и Каљари одиграа без голови.