Велковски подобар од Адеми и Ристовски за полуфинале во Купот на Хрватска

210

Дарко Велковски и неговата Ријека направија изненадување победувајќи го Динамо во Загреб и обезбедувајќи пласман во полуфиналето на хрватскиот фудбалски куп. Нашиот репрезентативен стопер ги одигра комплетите 90 минути за гостите, кои одиграа еден одличен натпревар во кој уште во првото полувреме со два гола ја најавија победата.

За Динамо вечерва и Стефан Ристовски и Аријан Адеми останаа на клупата, за да добијат шанса само во второто полувреме, кога веќе беше предоцна да се направи нешто против разиграните гости. Ристовски влезе на самиот почеток на второто полувреме, додек Адеми одигра само половина часа.

Претходно„Баделки“ на победа до нова историја во WABA лига
СледноПрекин на мечот Ватфорд – Челзи, навивач имаше срцев удар (ВИДЕО)