Ворхолм и Томпсон-Хера се „Атлетичари на годината“

74

Олимписките шампиони Илејн Томпсон-Хера од Јамајка и Карстен Ворхолм од Норвешка се прогласени за атлетичари на годината на Светските атлетски награди за 2021 година, церемонија која се одржа денеска.

Томпсон-Хера ја имаше една од најдобрите спринтерски сезони во историјата, задржувајќи ги олимписките титули на 100 и 200 метри во Токио, а додаде трет златен медал во штафетата 4×100 метри. На врвот на нејзината олимписка „тројка“, таа забележа и најдобри светски времиња на трките на 100 и 200 метри од 10,54 и 21,53 секунди.

Ворхолм го имаше еден од највпечатливите настапи во историјата на атлетиката кога го освои златото на 400 метри со пречки на Олимписките игри во Токио. Откако веќе го собори светскиот рекорд со 46,70 секунди во Осло во пресрет на Игрите, Ворхолм ги надмина сите очекувања во јапонската престолнина за да го освои златото со неверојатен светски рекорд од 45,94 секунди. Во трка со неверојатна длабочина, првите тројца спортисти завршија со подобар резултат од дотогашниот светскиот рекорд.

ПретходноМајсторот си е мајстор: Ибра со перфектен слободен удар за водство на Милан (ВИДЕО)
СледноЃорѓиев и Хебар поразени во 1. коло од групната фаза во Лигата на шампионите