И првиот дел од деветото коло донесе интересни натпревари во Лигата на шампиони. Во групата на Вардар 1961 се одиграа три натпревари, во центарот на вниманието се најде Мешков Брест.
Белорускиот состав дојде до првата радост оваа сезона и тоа благодарение на својот голман. Иван Мацкевич го има најлудиот погодок оваа сезона, откако го одбрани ударот на Елверум, веднаш реагираше со вкукот на сирената ја погоди празната мрежа на противникот на голема радост и триумф од 32-33.
Микита Ваилупау со осум гола беше прв стрелец во редовите на Мешков Брест, додека кај домашниот тим ист број на голови постигна Грондал.
На останатите средби, Алборг му се реваншираше на Пик Сегед за поразот на првата средба, на домашен терен го совлада со 34-30 и ја прекина серијата на унгарскиот тим од четири меча без пораз.
Монпеље успеа да го задржи врвот на табелата во групата А, откако тесно славеше против ППД Загреб (24-23). Францускиот состав им дозволи на гостите пред самиот крај да се доближат на еден гол негатива за драматична завршница со среќен крај.
Претходно во групата Б, Мотор Запорожје беше подобар од Фелнсбург со убедливи 31-22.