Аријан Адеми, еден од нашите клучни репрезентативци оваа есен нема среќа со повредите. Па така за својот Динамо Загреб и за репрезентацијата на Македонија не можеше да настапи на неколку важни натпревари.
Од вчера одново лоши вести од Загреб. Аријан Адеми пак се жали на повреда, но сепак ќе стисне заби и ќе игра вечерва во Купот на Хрватска на мечот против Ријека каде што настапува Дарко Велковски.
„Адеми повторно ја влеча таа своја повреда на зглобот, повторно играч му падна на таа нога. Сепак верувам дека ќе стисне заби и ќе може да биде на располагање“истакна тренерот на Динамо, Дамир Крзнар.
Секако дека “Лавот“ Адеми и тоа како му е потребен на својот тим во финишот на полусезоната, а посебно следната недела кога се игра последниот решевачки меч од групната фаза во Лигата на Европа против Вест Хем. Секако и за во недела во Сплит, каде “модрите“ во вечното дерби му гостуваат на Хајдук.