Познато е зошто Леброн Џејмс не беше во составот на Лејкерс!

264

Леброн Џејмс го прошути мечот меѓу Лејкерс и Сакраменто, бидејќи влегол во здравствено-безбедносните протоколи кои НБА-лигата ги постави во време на пандемија коронавирус.

Непосредно пред натпреварот било соопштено дека нема да игра. Она што е нејасно е дали е позитивен на Ковид-19. Сепак едно е сигурно, тој ќе ги пропушти следните 10 дена доколку не добие два негативни теста.

Леброн оваа сезона пропушти 12 од 23 меча поради проблем со повреди и една суспензија. Лејкерси има седум победи и четири порази со него во тимот, односно пет победи и седум порази без него.

Претходно„Лавот“ Адеми пак е повреден, но ќе игра вечерва во Купот на Хрватска против Велковски!
СледноСамо еден фудбалер не бил поканет на забавата на Меси по освојувањето на „Златната топка“