Рагник го носи најдобриот играч на Лајпциг на „Олд Трафорд“

289

Офанзивниот халф на РБ Лајпциг Кристофер Нкунку е во трансферните планови на Манчестер Јунајтед. 24-годишниот француски интернационалец е желба на новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Ралф Рагник, соопштува „Билд“.

Инаку Рагник, кој претходно работеше во Лајпциг, сакаше да го земе Нкунку во германскиот клуб од ПСЖ уште летото 2018, но тогаш не успеа, но затоа следното лето ги убеди парижани да го ослободат. Сега сака истиот играч да го донесе во Манчестер.

Французинот кој може да игра како офанзивен играч за врска и како крило е најдобриот фудбалер на германскиот клуб во моментов. Тој постигна 5 гола во Бундес лигата и 7 во ЛШ.

 

ПретходноКонте: Чувствувам дека Тотенхем е вистинското место за мене
СледноИнтер му дојде зад грб на Наполи, Болоња ја запре победничката низа на Рома (ВИДЕО)