Синоќа во НБА-лигата во центарот на вниманието беше дерби дуелот во Западната конференција меѓу Феникс и Голден Стејт. Победници од оваа средба излегоа кошаркарите на Санси, славеа со 104-96 и ја запишаа 17. победа во низа. На овој начин Феникс го заврши месецот без пораз и го изедначи клупскиот рекорд.
17 IN A ROW. RECORD TYING. pic.twitter.com/z3mqO3sIxQ
— Phoenix Suns (@Suns) December 1, 2021
До овој триумф, Санси дојдоа без својот најдобар кошаркар, Букер, кој излезе поради повреда, до тој момент постигна десет поени и одигра 15 минути. Прво име беше Ајтон со 25 поени и 11 скока, Крис Пол имаше 15 поени, 11 асистенции, 6 скока и 5 украдени топки.
Домашниот тим го лимитираше Кари на 12 поени, Пул со 28 поени беше прв стрелец.
Бруклин го доби дербито со Њујорк, славеше со 112-110, со двете слободни фрлања на Џејмс Харден. Тој постигна 34 поени, 10 скока и осум асистенции, Дурент застана на 27 поени.
Лејкерси без Леброн Џејмс беа подобри од Сакраменто со 92-117, Портланд го совлада Детроит (110-92), додека Торонто беше поразен од Мемфис (91-98).