Македонските младински селекции, а веруаме и сениорската за бргу, одсега ќе бидат посилни за играчот за врска Алекс Златков. Играчот за врска на Словенечкиот тим Триглав реши да ги промени националните бои и да настапува за Македонија, откако доби отворена покана за тоа од структурите на ФФМ.
Златков е еден од најталенираните играчи за врска во Словенија, но има Македонско потекло, па нормално е што во еден момент е поставено прашањето дали би настапувал за нас. Златков одговори потврдно на поканата на Македонија, и ќе се појави на селективниот камп во Скопје кој ќе се одржи од 13 до 18 декември, кога и се закажани пријателските средби со Црна Гора.
Се работи за играч кој веќе има настапи за У17 односно У19 селекциите на Словенија, но одсега ќе настапува за нас.
Шекуларац и Хајдари се наша цел
Спортмедиа ексклузивно дознава деа Фудбалската Федерација на Македонија веќе ги контактираше и е во преговори да прифатат да играат за нас и двајца играчи на големиот Јувентус.
Се работи за Кристијан Шекуларац односно Албијан Хајдари. Шекуларац е играч кој е роден во Лондон и кој настапува за Швајцарија, исто како и Хајдари, но е внук на прославениот екс југословенски АС, Драгослав Шекуларац, а се знае неговата врска и конекција со Штип, односно Македонија. Хајдари неговото семејство исто така влече корени од Македонија, па многу лесно може да се случи и обајцата да прифатат да играат за Македонија. И обајцата веќе имаат десетици настапи за младинските селекции на Швајцарија. Од таму имаме два примери во Никола Ѓорѓев односно Амел Рустемоски кој прифатија да играат за Македонија и станаа стандардни наши првотимци.
Кристијан Шекуларац
Бајрами од Бенфика исто така е мета
Конечно, Адриан Бајрами од Бенфика исто така одамна е мета на службите во ФФМ кои се бават со „ловење“ на играчи со потекло од Македонија во дијаспората. Тој исто така како и Шекуларац односно Хајдари настапува за Швајцарија но периодов, како да го заборавија од таму па Македонија ќе се обиде да го искористи тоа.