Македонскиот вицепрвак, Бадел 1862 е на чекор до нова историја во ВАБА лигата, пласманот во Супер-лигата во ова натпреварување е широко отворен. Кошаркарите на македонскиот тим по вторпат оваа сезона го совладаа составот на Бановиќи, овој пат на домашен терен со убедливи 85-55 на две кола до крајот на групната фаза.
За место во следната рунда на Бадел му е потребна победа против Пламен Пожега или Партизан.
Македонскиот вицепрвак одигра одлично во првата четвртина, ја доби со 32-11. Гостинските во следниот период заиграа подобро, но тоа не беше доволно, на одморот позитивата беше 52-31. До крајот кошаркарките на Бадел ја имаа рутинската задача, во последните десет минути имаа позитива од 71-36.
Стојановска со 30 поени беше прв стрелец, Метју имаше дабл-дабл од 16 поени и 11 скока, двоцифрена беше и Трајчевска со 10 поени.