В сабота е закажано дербито од Бундес лигата помеѓу екипите на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен. Домаќинот за овој меч, тимот на Борусија реши да ги откаже сите 67.000 билети затоа што владата во Германија, е пред донесување на нови епидемиолошки мерки по повод зголемените бројки на заразени.
Па така, во Дортмунд решија дека ова ќе биде најдобриот потег во моментов, затоа што до сабота веројатно ќе биде донесена и одлуката мечот да се игра без публика.
Германската влада на централно ниво веројатно ќе ја донесе оваа одлука, а и владите на покраините можат самостојно да ја донесат истата и да се раководат по неа.