Вујовиќ: Против Кил никој не е фаворит, но мора да одиграме добро

156

Тимот на Вардар во моментов на резултатски план реално се мачи во Лигата на Шампионите. Пет порази по ред не се добро во ниту еден случај, а истата низа ќе биде сензација ако биде прекината утревечер кога Вардар му гостува на Кил од 20:45.

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ е реален во својата изјава пред ова гостување. Тој смета дека позитивен резултат и тоа како добро би дошол, но кога станува збор за Кил и гостување таму, ниту еден тим не е фаворит.

„Не чекаат три многу важни мечеви. Одиме во Кил, каде никој не е фаворит, но е многу важно да одиграме добро. Ако го сториме тоа влегуваме мотивирани против Загреб на гости и Е. Пелистер во Битола. Имаме проблем со екипата. Гаџа е под вироза, што значи дека одиме без среден бек. Се враќа Моралез пред се за да биде тука со екипата, да не му се создаде премногу пауза. Борко Ристовски исто така е во „аут“ има подолг период проблеми и се надеваме дека ќе ги реши. Добро би ни дошле две победи во овие три меча“ – изјави Веселин Вујовиќ.

 

 

ПретходноАлекс Златков ќе игра за Македонија, преговараме со играчи на Јувентус
Следно„Баделки“ во историската ВАБА сезона го пречекуваат Бановиќи