Тимот на Струга Трим Лум е еден од полуфиналистите во овогодинешниот национален куп на Македонија. Стружани во четвртфиналето денеска, среде Тетово, славеа над Шкендија по подоброто изведување на пеналите откако регуларниот дел од мечот заврши 0:0.
Тренерот на Струга Трим Лум, Срѓан Захариевски секако презадоволен од пласманот во самата куп завршница, но дека во Тетово денеска беше исклучително тежок.
„Многу тежок натпревар. Без многу шанси за гол. Шкендија имаше иницијатива, ама истата сега е џабе зошто ние поминавме понатаму. Успешно контриравме, сконцентрирани во текот на целиот меч. Добро се држевме и во пенал рулетот, не попуштивме и заслужено сме во самата куп завршница“ – ни изјави тренерот на Струга Трим Лум, Срѓан Захариевски.