Интер му дојде зад грб на Наполи, Болоња ја запре победничката низа на Рома (ВИДЕО)

105

Италијанскиот шампион Интер продолжува со победничката серија во Серија А. Вечерна на „Џузепе Меаца“, момците на Инзаги со 2:0 ја совладаа екипата на Специја остварувајќи ја 10-тата победа сезонава со која дојдоа веднаш зад Наполи на второто место на табелата, во очекување на настапите и на Наполи и на Милан вечерва.

Со голот на Гаљардини, Интер поведе во 36. минута, за Лаутаро Мартинез од белата точка да зголеми на 2:0 на петнаесетина минути пред крајот на средбата.

Болоња вечерва успеа да направи изненадување победувајќи ја Рома со 1:0 и прекинувајќи ја низата од две последователни победи на тимот на Мурињо. Единствениот гол за домашните го постигна Свандберг во 35. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноРагник го носи најдобриот играч на Лајпциг на „Олд Трафорд“
Следно„Баделки“ на победа до нова историја во WABA лига