Македонија можеби ќе го “однесе“ Манчини во Јунајтед!

690

Роберто Манчини, селекторот на репрезентацијата на Италија, некогашен тренер на Интер, Манчестер Сити и други клубови, би можел во јуни да седне на клупата на Манчестер Јунајтед. Оваа вест ја “лиферуваат“ денеска медиумите во Англија и Шпанија.

Но дали ќе биде така, во тоа зависи и од Македонија. Имено Ралф Рангник ќе биде тренер до јуни, потоа ќе ја преземе директорската функција во клубот, а Јунајтед се двоуми меѓи Маурицио Покетино и Роберто Манчини.

Сепак велиме дека се зависи и од Македонија. Во случај нашата селекција на 24 март, во полуфиналето од баражот за СП во Катар, да ја еелиминира Италија, тогаш Манчини ќе се сели во Јунајтед. Или пак ако ја мине Македонија а не успее да победи во финалето против Португалија или Турција.

Во секој случај ако Италија не се пласира на СП во Катар, тогаш Манчини ќе седне на клупата на клубот од “Олд Трафорд“.

ПретходноМногу сме ЈАКИ: И Струга Трим Лум со победничко селфи!
Следно„Саудискиот“ Њукасл 14 кола нема победа, традицијата вели дека ќе падне во Чемпионшип