„Мерсисајд дербито“ обоено во црвено, „граѓаните“ му го нанесоа првиот пораз на Џерард (ВИДЕО)

222

Големото градско дерби меѓу Евертон и Ливерпул е обоено во црвено. Ливерпул славеше со убедливи 4:1 на гостувањето кај својот лут градски ривал и остана во мртва трка со Челзи и Манчестер Сити за водечките места во Премиер лигата.

Момците на Јирген Клоп му покажаа на некогашниот тренер на „црвените“, Рафа Бенитез, кој е кој оваа сезона, откако уште за неполни 20 минути поведоа со 2:0 со головите на Хендерсон и Салах.

Евертон за момент се врати во игра преку Греј кој намали пред крајот на првиот дел на 1:2.

Во вториот дел гостите беа трпеливи и ја казнија секоја домашна грешка. Салах во 64. минута зголеми на 1:3, а конечните 1:4 беа дело на Жота во 79. минута.

Шампионот Манчестер Сити, тесно славеше на гости на „Вила Парк“ против Астон Вила со 2:1 и му го нанесе првиот пораз на новиот менаџер на домашните, Стивен Џерард. „Граѓаните“ имаа убедливи 2:0 на полувреме со головите на Диас и Силва, но на стартот на вториот дел домашните се вратија за 1:2 преку Воткинс. Интересно е што Вила имаше и неколку одлични шанси да израмни, но гостинскиот голман Едерсон имаше брилијантни интервенции.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноЧелзи се намачи, но дојде до три бода на гостувањето кај Ватфорд (ВИДЕО)
СледноРистовски и Адеми ќе имаат нов тренер, Крзнар си замина од Динамо (З)