Сензација во Тетово. Струга ТЛ на пенали го елиминира актуелниот шампион, тимот на Шкендија, и се пласира во полуфиналето во Купот на Македонија. Ова е еден од најголемите успеси, историски успеси на клубот кој е „стар“ само 6-7 години. Летоска играше во Европа, а сега е на чекор до пласман на едно големо финале во Купот на Македонија.
Секако дека беше многу еуфорично во соблекувалната на Струга ТЛ после мечот, на кој ја совладаа Шкендија и тоа на пенали, а херој беше голманот Давор Талески.
“Многу сме јаки“ тоа е пораката на стружани по пласманот во полуфиналето во Купот.