Наместо Анталија, У21 селективен камп и двомеч со Црна Гора

423

Македонската репрезентација до 21. година нема да патува на селективен камп во Анталија како што беше првично планирао од страна на селекторот Драган Канатларовски и неговиот стручен штаб, туку ќе биде организиран селективен камп за генерациите 2002, односно 2003 во Скопје. Истиот ќе се одржи од 13 до 18 декември и ќе бидат одиграни две пријателски средби со репрезентацијата на Црна Гора.

Ова е одлучено во корелација на ФФМ и клубовите, затоа што играчите им треба повеќе одмор во моментов.

Со оглед на фактот што тековните квалификации се на половина, ние имаме уште некакви шанси за да напредуваме во групата, а имаме и уште четири мечеви за играње,  но сепак, треба полека но сигурно да се мисли и на она што следува потоа. Токму затоа и е закажан и ќе се спроведе овој селективен камп, за да се има в предвид со што се располага како капацитет за следниот квалификациски циклус, од оние играчи кои досега беа со статус У19, а и со оние кои не добиле шанса во националниот дрес, а се смета дека имаат доволно квалитет за тоа.

 

ПретходноКатар ги повика хомосексуалците на СП: Ќе биде безбедни, само без нежности во јавност!
СледноШпанија и Аргентина го отвараат Мундијалот!