Поради катастрофално лошиот терен во Битола, на стадионот Тумбе Кафе денешниот меч од четврфтиналето од националниот куп на Македонија меѓу Пелистер и Вардар е одложен.
Истиот ќе се игра на 14 декември, а ова е втор пат како истиот меч се одложува. Првиот пат секако беше поради трагедијата во Бугарија, а сега поради очајната состојба на теренот во Битола, кој е покриен со снег.
Истиот во текот на вчерашниот ден во Битола паѓаше во изобилство, и не беше правовремено исчистен па нормално е што нема никакви услови за фудбал денеска на Тумбе кафе.