Пенал куп еуфорија: Струга ја „шокираше“ Шкендија, „Лавовите“ го елиминираа Шкупи, Силекс и како второлигаш во полуфиналето

1460

Денешните куп мечеви од четвртфиналната фаза имаа пенал завршница. Сите три. Победници се екипите на Струга Трим Лум, Македонија ЃП, и Силекс кој се полуфиналисти, додеа пак полесниот тим кој ќе биде дел од оваа фаза ќе го дознаеме на 15 декември кога ќе се одигра денеска одложениот дуел помеѓу Пелистер и Вардар.

Пенал серии имаше и во Тетово и во Скопје и во Кратово. Шкендија и Струга Трим Лум не постигнаа погодоци во регуларниот дел од мечевите па така што се прејде на изведување на пенали. Гостите поуспешни и триумфираа со 3:4.

Во Ѓорче Петров пак идентична ситуација. Без голови 0:0 во регуларниот дел, Радески односно Алварез непрецизни за гостите и тоа беше крај на надежите на Чаирчани дека можат понатаму. Домаќините беа непогрешливи за конечни 4:2.

Во Кратово пак единствено имаше погодоци во регуларниот дел. Џокиќ ги доведе гостите во водство во 47.  минута, за да Каланоски во 56. израмни на 1:1. Во пенал серијата најпрво Стојчевски промаши за домашните, возврати Азиновиќ со промашување за Брегалница, а клучниот момент беше дело на Даниел Божиновски кој го одбрани пеналот на Марјан Алтипармаковски за конечни 5:4.

ПретходноЧелзи без тројца важни играчи против Ватфорд
СледноМихаилов: Силекс тотално го заслужи ова куп полуфинале