Леброн Џејмс го прошути мечот меѓу Лејкерс и Сакраменто, бидејќи влегол во здравствено-безбедносните протоколи кои НБА-лигата ги постави во време на пандемија коронавирус.
Непосредно пред натпреварот било соопштено дека нема да игра. Она што е нејасно е дали е позитивен на Ковид-19. Сепак едно е сигурно, тој ќе ги пропушти следните 10 дена доколку не добие два негативни теста.
Леброн оваа сезона пропушти 12 од 23 меча поради проблем со повреди и една суспензија. Лејкерси има седум победи и четири порази со него во тимот, односно пет победи и седум порази без него.