Прекин на мечот Ватфорд – Челзи, навивач имаше срцев удар (ВИДЕО)

635

Пресметката во Премиерлигата вечерва меѓу Ватфорд и Челзи е во прекин, откако медицинските екипи мораа да интервенираат на трибините на стадионот на домашната екипа. На некој од навивачите очигледно му се слоши, по што играчите забележаа дека на трибините се случува нешто и веднаш реагираа кај судијата, кој го прекина дуелот.

Според информациите станува збор за срцев удар кај еден од навивачите.

ПретходноВелковски подобар од Адеми и Ристовски за полуфинале во Купот на Хрватска
СледноМајсторот си е мајстор: Ибра со перфектен слободен удар за водство на Милан (ВИДЕО)