По поразот во четвртфиналето на хрватскиот фудбалски куп против Ријека, тренерот Дамир Крзнар поднесе оставка на местото тренер на првиот тим на Динамо Загреб.
Клубот објави дека навремено ќе ја информира јавноста за понатамошните потези. Тие му се заблагодарија на Крзнар за успесите што ги постигна првиот тим во неговиот мандат, за фантастичната победа против Тотенхем, за историското четвртфинале во Лига Европа и освојувањето на двојната круна во сезоната 2020/21.
Ристовски и Адеми наскоро ќе го дознаат новиот тренер на тимот.