Кристијано Роналдо не минува низ добар период. Против Челзи заврши на клупата, остана без „Златната топка“, а сега има проблем и со законот.
View this post on Instagram
Кристијано Роналдо не минува низ добар период. Против Челзи заврши на клупата, остана без „Златната топка“, а сега има проблем и со законот.
Португалските медиуми објавија дека двајцата телохранители на Португалецот, близнаците Серхио и Хорхе се под истрага, бидејќи нелегално почнале да работат за еден од најдобрите фудбалери во светот.
Тие се понудиле да го штитат смејеството на Роналдо, но не добиле дозвола од португалската агенција ПСР, која е задолжена за надзор на политичарите и судиите.
Браќата се членови на специјалната португалска агенција и сега против е покрената истрага, нема да биде чудно доколку биде вмешан и Роналдо, кој ќе мора да одговара.
„Не коментираме за случаеви кои се под истрага“, е изјавата на портпаролот на специјалната единица на португалската полиција.
Серхио и Хорхе во друштво на Роналдо се видени против Јанг Бојс во Лигата на шампиони, тогаш никој не обрнуваше внимание на нив.