СП: Шпанија ја сопре Аргентина на три гола во второто полувреме и ја прегази на стартот на Мундијалот

110

Ракометарките на Шпанија со победа го отворија Светското првенство кое од денеска до 19 декември ќе се одржува на нивно тло. Шпанките во премиерната рунда немаа проблеми со Аргентина прегазувајќи ја со убедливи 29:13.

Интересно е што Аргентина одигра одлично прво полувреме и дозволи Шпанките да заминат на пауза со минимални 11:10. Но, во вториот дел едноставно како да играа против сосема друга репрезентација. Шпанија го доби вториот дел со фантастични 18:3 и на крајот обезбеди висока победа.

Одлична во домашните редови беше Барбоса која постигна 5 гола, колку што имаше и Кампос.

ПретходноЃорѓиев и Хебар поразени во 1. коло од групната фаза во Лигата на шампионите
СледноГолманот на Мешков погоди за прва радост во ЛШ, Алборг му се реваншираше на Пик Сегед (ВИДЕО)