Шпанија и Аргентина го отвараат Мундијалот!

712

Денеска и официјално стартува Светското ракометно првенство во женска конкуренција, кое се игра во Шпанија од 1 до 19 декември. Бранител на титулата е холандската репрезентација, која пред две години го дигна пехарот. Во првата фаза актуелниот светски првак силите ќе ги одмери со Шведска, Порторико и Узбекистан.

За првпат на овој Мундијал ќе се натпреваруваат 32 селекции, тимовите се поделени во осум групи со по четири учесници, пласман во следната фаза ќе обезбедат првопласираните три.

Први на сцена ќе излезат домаќинот Шпанија и Аргентина, мечот е закажан со почеток во 20:30 часот, ова е единствениот дуел за денеска.

Група А:  Франција, Црна Гора, Ангола, Словенија.

Група Б:  Русија, Србија, Камерун, Полска.

Група Ц:  Норвешка, Романија, Казахстан, Иран.

Група Д:  Холандија, Шведска, Порторико, Узбекистан.

Група Е:  Германија, Унгарија, Чешка, Словачка.

Група Ф:  Данска, Јужна Кореја, Тунис, Конго.

Група Г:  Хрватска, Јапонија, Бразил, Парагвај.

Група Х:  Шпанија, Австрија, Аргентина, Кина.

ПретходноНаместо Анталија, У21 селективен камп и двомеч со Црна Гора
СледноАлекс Златков ќе игра за Македонија, преговараме со играчи на Јувентус