Екипата на Бадел 1862 ја игра најдобрата сезона во ВАБА-лигата. Македонскиот вицепрвак откако дојде до историската победа во ова натореварување, направи уште еден голем подвиг го урна составот на Партизан на гостински терен.
Со скор од две победи и пет порази, кошаркарките на овој тим се најдоа во позиција да се борат за пласман во следната фаза од натпреварувањето, односно за место
во Суперлигата каде ќе учествуваат најдобрите 8 тима од двете групи по првата фаза.
Првиот чекор кон овој нов голем успех, Бадел 1862 ќе може да го направи уште денеска, во салата „Независна Македонија“ го пречекува составот на Бановиќи, противник кој веќе еднаш го доби на гостински терен. По овој меч, следи нова пресметката со Партизан, директниот конкурент за четвртата позиција која ги отвара портите во следната фаза.
Распоред на натпревари:
01.12.2021 – Бадел 1862 – Бановиќи (19:00 часот)
15.12.2021 – Бадел 1862 – Партизан