Катар им гарантира безбедност на хомосексуалците, фудбалерите и навивачите кои се плашат да дојдат во оваа земја за време на Светското првенство во 2022 година, изјави извршниот директор на извршниот комитет, Насер Ал Катер за Си-Ен-Ен.
Австралиецот Џош Кавало неодамна стана првиот активен фудбалер кој јавно се изјасни како хомосексуалец. Иако не е репрезентативец, 22-годишниот тогаш изјави дека се плаши да оди на Светското првенство во Катар бидејќи „читал дека таму на хомосексуалците им се заканува смртна казна“.
До сега нема доказ за такво нешто, тоа го потврдуваат и организациите за човекови права. За странците, јавните испади на истополовата љубов се казнуваат со затвор.
„Тој е добредојден во Катар, го покануваме да дојде и да види, дури и пред Светското првенство. Никој овде не се чувствува загрозен или несигурен“, рече Ал Катер, кој додаде:
“За жал, тој впечаток можеби го стекнал читајќи различни обвинувања и написи кои фрлаат негативно светло. Катар е како секое општество во светот. Сите се добредојдени. Слушајте, ние не одобруваме јавни изливи на нежност, но тоа важи за сите. Катар е скромна земја. Ние само бараме да се почитува ова. Освен тоа, секој е слободен да живее како што сака. Хомосексуалците кои ќе дојдат во Катар како навивачи и ќе можат да прават се што би направиле луѓе. Катар е конзервативен во однос на јавното покажување нежност“.
Светското првенство во Катар ќе се одржи следната година од 21 номеври до 18. декември. На овој Мундијал најголемата оддалеченост меѓу стадионите ќе биде 55 километри.