Феникс го доби дербито со Голден Стејт, го заврши месецот без пораз и со рекорд (ВИДЕО)

139

Синоќа во НБА-лигата во центарот на вниманието беше дерби дуелот во Западната конференција меѓу Феникс и Голден Стејт. Победници од оваа средба излегоа кошаркарите на Санси, славеа со 104-96 и ја запишаа 17. победа во низа. На овој начин Феникс го заврши месецот без пораз и го изедначи клупскиот рекорд.

До овој триумф, Санси дојдоа без својот најдобар кошаркар, Букер, кој излезе поради повреда, до тој момент постигна десет поени и одигра 15 минути. Прво име беше Ајтон со 25 поени и 11 скока, Крис Пол имаше 15 поени, 11 асистенции, 6 скока и 5 украдени топки.

Домашниот тим го лимитираше Кари на 12 поени, Пул со 28 поени беше прв стрелец.

Бруклин го доби дербито со Њујорк, славеше со 112-110, со двете слободни фрлања на Џејмс Харден. Тој постигна 34 поени, 10 скока и осум асистенции, Дурент застана на 27 поени.

Лејкерси без Леброн Џејмс беа подобри од Сакраменто со 92-117, Портланд го совлада Детроит (110-92), додека Торонто беше поразен од Мемфис (91-98).

ПретходноПериќ: Бодот е реален, мечот можеше да заврши поинаку!
Следно„Лавот“ Адеми пак е повреден, но ќе игра вечерва во Купот на Хрватска против Велковски!