Очајна реализација: Работнички заборавил како се постигнуваат голови!

461

Звучи неверојатно, но така е, бројките не лажат. Работнички оваа есен и дефинитивно има очаен напад, очајна реализација, убедливо најслаб напад во ПМФЛ, ако не го сметаме последниот Пелистер.

Досега на 15 натпревари екипата на Работнички успеала да постигне само неверојатни 10 голови. Фрапантно за еден таков клуб. И ако се знае дека одбраната и не е така лоша, тимот од Градски парк ја има петтата одбрана во Лигата, тогаш јасно е дека (не)реализацијата е проблемот. И затоа е слабиот, пред се лошиот пласман на табелата. Имено Работнички после 15 коло се наоѓа на 8.место, само едно место над бараж-зоната. Значи може слободно да се каже дека Работнички, поточно неговите играчи просто заборавиле како се постигнуваат голови, како се тресат противничките мрежи.

Замислете, овој тим на последните осум меча успеал да постигне само два гола. Едниот на Пелистер кога беше 1:1 на ФФМ и едниот против Борец во Велес кога беше 0:1. Тоа е и единствената победа на Работнички во изминатите осум кола. Има само еден триумф, едно реми, веќе споменатите мечеви со Борец и Пелистер, и дури шест порази. Па така од можни 24 бодови освоени се само 4.

Неверојатно.

Ги земаме последните осум мечеви од едноставна причина. Имено после триумфот над Македонија ЃП на 29 септември, кога тимот беше на делба на првото место и се споменуваше дури и битка за титулата, се случи резултатски потоп.

Осум меча, само една победа, шест порази, само два постигнати голови.

Нема дилеми дека Работнички го чека пеколно тешка сезона…

ПретходноРајо без Столе се спаси од срам во Купот на кралот, Барди и Леванте без проблеми!
СледноВардар 1961 не го преживеа Кил – продолжува агонијата во ЛШ