Рајо без Столе се спаси од срам во Купот на кралот, Барди и Леванте без проблеми!

618

Малку недостигаше тимот на Столе Димитриевски да биде елиминиран од нисколигашот Гуијело во 1/64 финалето на Купот на кралот во Шпанија. Имено на голот на Рајо беше Лука Зидан а не нашиот Столе Димитриевски, очигледно е дека тренерот малку експериментираше со составот. Па така по 90. минути резултатот беше 1:1, така остана и по продолженијата по 120.минути.

Пенал – рулетот беше на страна на големиот фаворит, па така Рајо Ваљекано се спаси од голем срам.

За разлика од Рајо, Леванте со Енис Барди како стартер, немаше никакви проблеми на гостувањето кај Хуракан Мелила. Леванте победи со 0:8, а нашиот репрезентавец одигра 45.минути, немаше ни потреба за нешто повеќе.

ПретходноНаполи до крајот на годината ќе биде без Кулибали
СледноОчајна реализација: Работнички заборавил како се постигнуваат голови!