Сопственикот на Евертон застана зад Бенитез

128

Сопственикот на Евертон, Фарад Мошири, го поддржа менаџерот Рафаел Бенитез и верува дека тој треба да продолжи да го води клубот. Вчера „Карамелите“ загубија во градското дерби со 1-4 од Ливерпул и имаат низа од осум меча без победа.  Кај навивачите владее големо незадоволство и многу од нив сметаат дека Бенитез треба да биде сменет.

“Фудбалот таков. Има кризни периоди и период на слава. Рафа е добар менаџер, а нашите лоши изданија се главно поради повредите. Во следните две недели ќе го има целиот тим на располагање и потоа ќе се подобрат резултатите”. – изјави Мошири.

ПретходноОфицијално: На мечевите во Бундеслигата само по 15.000 гледачи!
СледноЕмполи дојде до бод во Торино!