Србија закажа Дејвис Куп полуфинале против Хрватска

264

Дејвис Куп репрезентацијата на Србија доцна синоќа се пласираше во полуфиналето на Дејвис купот, откако со пресврт ја совлада селекцијата на Казахстан со 2:1.

По стартниот пораз на Кецмановиќ од Кукушкин со 2:1 во сетови,следуваше победа на Ѓоковиќ против Бублик со 2:0, а решавачкиот бод за српскиот тим го обезбедија Новак Ѓоковиќ и Никола Чаќиќ во игра на двојки. Тие беа подобри од Андреј Голубјев и Александар Недовјесов со 6:2, 2:6, 6:3 за час и 39 минути.

Србија во петок од 16 часот во полуфиналето ќе игра против Хрватска. Во второто полуфинале Германија го чека подобриот од четврфиналните пресметки меѓу Русија и Шведска.

ПретходноЈувентус веќе подготви две имиња за продажба во јануари
СледноЈанис погоди пред сирената, Дончиќ и Далас им се вратија на победите (ВИДЕО)