Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од 16.коло во ПМФЛ и од 13.коло во двете втори лиги кои ќе се играат претстојниот викенд. Во елитата, на мечот во Струмица, каде се среќаваат А. Пандев и Брегалница главен судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево, кој во последно време се наметнува како еден од нашите најдобри судии.
Во сабота во Охрид се игра големото дерби во ВМФЛ – ЗАПАД меѓу Воска Спорт и Силекс. На овој меч за главен судија е делегиран Игор Стојчевски од Скопје.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА ПМФЛ – 16.КОЛО (НЕДЕЛА – 13 Ч)
Струга ТЛ – Тиквеш (Д. Пилешков – Штип)
А. Пандев – Брегалница (А. Грујоски – Кичево)
Борец – Македонија ЃП (А.Ставрев – Скопје)
Шкендија – Пелистер (В. Илиоски – Прилеп)
Скопје – Шкупи (К. Ѓорѓиев – Штип)
САБОТА – 13 Ч
Работнички – Ренова (С. Трпчевски – Кавадарци)
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА ВМФЛ – ЗАПАД – 13.КОЛО (САБОТА – 13 Ч)
Воска Спорт – Силекс (И. Стојчевски – Скопје)
Вардар – Велешта (Б. Ралевски – Битола)
Кораби – Беса (В. Ѓорѓиевски – Битола)
Гостивар – Кадино (Б. Величков – Велес)
Тетекс – Охрид (К. Ѓуровски – Скопје)
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА ВМФЛ – ИСТОК – 13.КОЛО (САБОТА – 13 Ч)
Кит Го – Братство (П. Салихи – Тетово)
Беласица – Кожуф (М. Стојановски – Кичево)
Детонит – Саса (Ј. Бартон – Скопје)
Победа – Слога Виница (И. Иванов – Велес)
ТИМ Локомотива – Осогово (Д. Стојчевски – Скопје)