Фудбалерите на Барселона синоќа се собрале во ресторан во градот по иницијатива на новиот тренер Чави. На вечерата присуствувале сите играчи на Барселона, но и членови на стручниот штаб, а целта на Чави е дополнително да ја зајакне атмосферата во тимот пред натпреварот против Баерн кој се игра следната недела.
Интересно е што иако Чави ја организирал вечерата, друг на крајот ја платил. Младиот Педри кој и прв пристигнал во ресторанот, според „Мундо Депортиво“ сам ја платил сметката за да ги почести соиграчите и тренерите откако беше избран за најдобар млад играч на светот.