Играчот од средниот ред на Јувентус, Артур Мело може да го напушти тимот оваа зима, објави Газета дело Спорт.
Според изворот, Јуве може да направи таков чекор за да дојде до намалување на платите. Со него најверојатно ќе замине уште еден играч од средниот ред, Арон Ремзи.
25-годишниот бразилски интернационалец Артур оваа сезона одигра седум натпревари за Јуве во сите натпреварувања и не е во долгорочните планови на Алегри.