Вардарци на тежок испит: Две гостувања и два месеци без победа во ЛШ

137

Пет кола без победа е македонскиот првак во Лигата на шампионите. Не успеа Вардар 1961 да се издигне на последниот домашен меч против Пик Сегед за оваа година во европското клупско натпреварување, па сега го чека пеколен реаспоред.

До крајот на оваа календарска година, „црвено-црните“ имаат серија од две  гостувања. Истата ја почнуваат вечерва (20:45 часот) кај Кил, противник кој од Скопје го однесе целиот плен пред месец дена.

Нема да биде лесно дефинитивно, но ракометарите на Вардар 1961 мора да најдат излез од кризата, повеќе од два месеци поминаа од последната победата во Лигата на шампиони. Последен тим над кого „црвено-црните“ славеа беше Алборг и тоа на 29. септември. Во овие два месеци одиграа пет меча, но на ниту еден не успеаја да најдат решение, не дека немаа шанси.

И овој пат македонскиот првак нема да биде комплетен, надовор од терените е искусниот голман, Борко Ристовски, а во составот ќе го нема ниту Анте Гаџа, кој има вироза. Но, затоа пак ќе се враќа Моралес, кој имаше повреда.

„Не чекаат три многу важни мечеви. Одиме во Кил, каде никој не е фаворит, но е многу важно да одиграме добро. Ако го сториме тоа влегуваме мотивирани против Загреб на гости и Е. Пелистер во Битола. Имаме проблем со екипата. Добро би ни дошле две победи во овие три меча“ , изјави Вујовиќ. 

Македонскиот тим има само една гостинска победа кај Кил, во 2018 година. Од десет средби, осум му припаднале на бундес-лигашот, но тоа е само историја, истата и тоа како може да се промени.

Вардар 1961 е на шестото место во групата А со пет бода, додека пак Кил е четвртти, има шанса преку избраниците на Веселин Вујовиќ да дојде до второто место.

ПретходноНикола Ѓорѓиев го однесе АЦХ Волеј на чекор до осминафинале во ЦЕВ Челинџ Купот
СледноСрпскиот судија местач ќе оди во затвор 15 месеци и нема право да се врати во фудбалот 10 години